ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (320) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Амдија како пропагатор го пуштил ќаата кај Гулабоски Велјан да му побара аргати за жнеење. Велјан му обетил. Наредниот ден утрото ќаато поново дошол по аргатите и свикал, Велјан каде се аргатите. Одговор добил, Аго, аргатите замина за кај вас. Ќаато за да ја покажи свохјата моќ со пиштоло во дворо испукал два истрели и заминал. Аргати биле дедо Ристе и сестра му, баба Велика. Ако не ги пушта убијците Исламовци и Пардиовци ќе пресудат кога тогаш. Тоската, чалмата на главата сета накитена со разноврсни пердуви обесени кога одел се треселе на чалмата. Фустанот му бил накитен во половината, на рамената имал пагони како чин. На долниот крај на фустанот имало сошиено разнобојни тантели, патлики. Во половината имал опашано кожен дебел ѓонен ремен. На едната страна на половината пиштолот, додека на другата, на половината бил обесен дрвен пендрач и пушката на рамо. Односот на Тоската како човек никаков, катил над катилите. Секого го претепувал ако око му фаќа. Еден ден очивидно пред луѓе ги собрал павлеските магариња кои што паселе на Чајрот, ги потерал према Павлевци и почнал да вика по Павлески Анѓеле, кај си ги пуштил магарината за да прават зијан во полето. Анѓеле пристар човек отишол на Чајрот за да го праша полјакот каде биле магарињата поради пред малку време паселе на Чајрот.

Полјакот Адем Тоската по природа суров, брз човек без причина е извадил дрвената палка, почнал да мава на Анѓеле.

Од ударите на дрвениот пендрач спискал, во тој момент синот од Анѓеле, Стојан бил во ковачницата, клепал поличници за ралото за орање. Слушнал да татко му Анѓеле гласно плачи, го извадил пиштолот од позади на вратата во ѕидот со трчање кај викањето и апачењето, видел да полјакот Тоската го тепа татко му Анѓеле. Стојан го откачил пиштолот и почнал да пука на полјакот Тоската на кого му се запалил фустанот. Тоската видел да животот му е загрозен, престанал со мавањето, се дал во бегство надолу према Долни Цуцул, се сокрил дома во Кулата.

Повеќе за полјак во Марул не се појавил. За кратко време Кулата му е продал на арнаутино Мемиш Салиоски за дваесет турски лири. Тоската парите ги ветил, обетил за убиство на Стојан Павлески. Како што кажуват постарите марулци, парите биле дадени на канатларските тепачи, убијци Исламовци и Пардиовци кои го убиле Стојан кај чешмата Шопур во чумоечкото. И тепачите неплатено, не убивале.

По некое време не е забележана годината и денот од раскажувачите стопанот на Кулата, арнаутинот Салиоски Мемиш се разболел и по кратко време, умрел. Неговата жена, и го изумиме засега името, останала вдовица со нејзиното дете Ќазим да живеат сами. Животот го врвеле сами до 1912 година.

Во месец ноември, шести 1912 година, српската војска вечерта влегла во Марул, направила оштета, запалила повеќе беговски имоти. Ја запалила Кулата на Бегот Осман Утоски со се житото, исто така ја запалиле куќата од момците со шталото за стоката во должина преку 150 метра. Ја запалиле покуќнината на арнаутите Јонузовци – Салиоска. Ја запалиле Кулата со се житото од бегот Ремзија која се навоѓала во местото кај училиштето. Ја запалиле кулата од Мемишица со сета нејзина имовина. Мемишица дотогаш без мажо Мемиш, сега и без покрив на главата.

Стојан Колески со фамилиите од синовите, живееле како момци кај бегот Емин, брат на Ремзија. Стојан во тоиа време бил коџобашија во Марул, а Стојан по карактер хуман човек е примил Мемишица во нивната куќа во една одаја. Но, со време се замешале поради Ќазим, си нашол вистински другарчиња, негови врсничиња, Колески Веле и Ќире, само сонот ги делел.

Со времето Мемишица се замешала, здружила во сите работи со Колеските жени. Со Стоујаница Бојана од с. Заполжани, со Крстејца Каранфилка Аџоска од с. Добрушево и со Мојсојца Неда Никоска од с. Лопатица, прилепско. Сета домашна работа од метење, перење, готвење е вршеле заеднички. Ќазим поред домашните другарчиња Веле и Кире син ашол и комшивски другарчиња. Мурџески Видан, Јован Јованче, Павлески Ванчо, Јошески Петре, Ристе Атанас Чонески према потребите и Бабјаците Петре, Аце, Ванѓел тоти Бошески Анѓеле кој умрел во 1917 година од колера, роден во 1909 година.

Во оградата од бегот Емин во близина до средселото сега Колеска имало германска воена кујна, децава оделе секое утро добивале бесплатно јадење со подарени војнички порци со рачки за в раце носење. Ќазим прв со канчето в раце и велел јас сум Ќазим Каурино. Ова група на деца е од Западното маало. Исто така, доваѓале и децата од Средно маало со подарените војнички канчиња наутро добивале чорбето јадење од истата кујна. Деца од Средно маало кој добивале јадење биле Тошески Божин, Новачески Јован, Божин, Јанкоски Крсте, Богдан, Ладе, Велјаноски Ванѓел Гроздан роден 1909 година, умрел 1917 од колера, Јованоски Димитрија и Тодор Курелоски, Стеваноски Најдо, Новаче, Младен. Од Јужното маало деца кои оделе со канчињата на воените германски казани за чорба. Василоски Милан, Дамјаноски Ристе, Котески Стојан, Танески Крсте, Блаже, Тане Ордан Димко односно Ристески, Атанасоски Недан Танески.

Во овие групи имало и деца девојчиња во помал број, Јованоска Мара Курелоска, Гулабоски или Кармакоски Василка, Благуна, Крста, Јанкоски Ванка, Велика, Котески Трајана, Елена, Дамјаноски Ѓурѓа, Стојна, Танеска Султата, Петреска Трајана Бабјакоска, Бошески Спаса, Цветанка Петреска Петкана Мурџеска, Николоска Љубинка, Тошески Трајанка, Тасо Јолески. Ова група на девојчиња умреле од колера, Гулабоски или Кармакоски Василка, Благуна и Тошеска Трајанка во 1917 година од колера, Новаческа Невена.

Во тремот на Кулата од бегот Амдија Утоски сега Стеваноска имало наместено воена бугарска кујна за храна за на фронто. Во неа работеле Бугари, гагаузи сешто ќе му паднело пред очи, ги убивале како утки, страчки, чавки, гарвани, пупунци, желки и други животни ги кубеле и ги ставале да се варат во казаните. Еден ден отишле маалските деца кај кујната, го виделе како куварот напуштал во казано, со затворени усти со рацете, побегнале. На второто одење дошол и воениот шев на казаните и ги прашал децава маалски Божин, Јован, Божин, Богдан, Крсте, Ладе, Гроздан и Ванѓел дали сакат чорба за јадење. Децава му одговориле да не сакаат преѓе куварот Брнката во казанот стави чавки и страчки. За какво бре, и самиот си туре од истиот казан да јаде и е пофали чорбата да е многу вкусна.

Овие групи помешани по полови оделе и во германската воена кујна во место9то Чуките према Подмол со канчињата в раце добивале било какво јадење, си иделе пак со полни канчиња со чоербето јадење и примесени продукти леб. Понекогаш навратувале кај војниците работници на патот кој се правел од прилепско Алинци, Шелеверци, Канатларци, Подмол, Мојно, Маково, добивале чоколадо од германските војници.

Продолжува

Loading