Престолнина со богат културен и ноќен живот

Љубљана

Љубљана, главниот град на Словенија, низ кој тече реката Љубљаница, е една од најмалите европски престолнини. Може многу лесно и брзо да се прошета, да се запознаат убавините, а потоа да се ужива во богата понуда од настани, што се случуваат цела година. Има што да се види, од интересна архитектура, дворец со поглед на целиот град, да се чуе легендата за земјот. Привлечни се бројните ресторани и кафулиња со понуда за сечиј џеб. Како главен политички, администартивен, образовен и културен центар на Словенија, еден е од најинтересните градови, кој плени во секоја смисла, за сите кои сакат активна и возбудлива прошетка. Па и за тие кои бараат добра храна и богата културна сцена. Не е многу голем. Центарот може да се прошета за неколку часови.

Не е важно од каде почнува прошетката. почелно е обиколката да тргне од кај мостот на змејовите, именуван по бакарните зелени змејови, кои се симбол на Љубљана. Тие се легенда за Јасон, од грчката митологија кој го украл златното руно од кралот Ејет. Побегнал и стигнал до реката Љубљаница. Тука го пронашол змејот од езерото. Се борел со него и го победил. Затоа змејот е заштитник на градот. Месарскиот мосте привлечен премин полн со катанци на оградата и трите скулптури – Адам и Ева, Сатир и Прометеј. Месарскиот мост е точка од каде пловат бродчињата по реката. Во близина е Крековиот плоштад,. Оттука се стигнува до жицницата за искачување во дворецот со величенствен поглед. Тој е главна туристичка атракција. Се разгледуваат неколку кули, капелата, музејот. Врв е кафето со панорама на словенечката престолнина. Ги влечи очите катедралата Св. Никола, позната како градска катедрала од 18 век. Не многу голема, но е интересна, со две кули и врата на која е овековечена историјата на градот. Градската куќа е на туристичката градска мапа. Се стасува преку Тримостовјето. Тоа се три поврзани мостови кои водат до Прешерновиот плоштад. Сите три моста се пешачки, градени од Јозе Плечник. Тој оставил силен печат во градот со изградбата на повеќе објекти, како што е библиотеката, пазарот, како и неколку други згради и паркови.

Прешерновиот плоштад е главен. Именуван е по најголемиот словенечки поет Франц Прешерн. Тој е централна најважна точки. На еден дел е барокната црква Св. Марија, а на другиот дел е споменикот посветен на Прешерн. На плоштадот се поставени и модерни инсталациии, кои привлекуваат туристи. Тука бие срцето на градот. кога ќше се додадат кејовите на реката со доживува празник за очите, особено за виленди. Оти се вкусува варено вино,  кое се гусира  со печени костени. Околината е мамка за љубителите на сувенири…

ПОжелно е да се видат Националната галерија, паркот Тиволи, Музејот на современа уметност. Едно од поинтересните места е Метелковата  улица. Таа е локација за свирки во живо, изложби, перформанси… Место за алетернативната  богатата културна понуда на Љубљана.

Низ плоштадот на Републиката може да се разгледа библиотеката, формирана од царицата Марија Терезија во 18 век. Објектот е извонреден,а внатре е фондот со преку 2,5 милиони книги. Градот е богат со повеќе театри, галерии и најстарата филхармонија. Во пролет и во лето се организираат незабравни фешти, тулуми и забав на бројните фестивали. Затоа се вели дека дека културата е љубљански начин на живот.

За крај на полниот ден обично се вкусуваат словенечки специјалитети, а за десерт главно се препорачуваат прешерновите топки.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading