Фељтон: Томе Велјановски
Оттука Боше го вјавнал коњот со бодинање на коњот си дошол дома, само што слегол од коњот, паднал коњот и умрел во дворот. Боше тогаш сватил кога се поздравувал и грабел со посестримата Ѕука, таа му го има извадено ќесето. Невиден арамија, поголем од кадија. Од таа случка, дошло дома до раскол меѓу браќата, целиот имот за евтини пари му го продале на Јонузовци арнаутите. Браќата Боше, Диме и Коте се делиле и разделиле. Боше се иселил во с. М. Рувци, Диме отишол во с. Оптичари, битолско. Коте се преселил во с. Беловодица, прилепско постанале куметаши. Со Марковската несреќа синовите на арнаутино Јонуз, Марем, Муарем и Мемиш постанале богаташи.
Јонузовци на новокупеното марковско место соградиле двоспратна кула, внатрешно со места за неколку пушкарници за одбрана во правец према Градиште од разни ноќни банди и од комитските чети.
Камењето се сиви, лути, цепени во реката помеѓу Гулабоското гумно и Оградчето. Носени се во ноќно време, ангарични од марулчани на магарешки товари, во најголема тишина за да не му пречат на Јонуските деца и анамите во спиењето. Во 1912 година српската војска го запалила целокупниот Јонуски станбен имот, останало само мал дел, денес стојат урнатини и ѕидини. Војната не носи арно. Поред Јонузоскиот имот, биле запалени Кулата од Мемиша, Кулата од Бегот Ремзија која се навоѓала во местото кај училиштето. Кулата и шталото од Осман Утоски бего која се навоѓала во Средно Маало во место Богданоско.
Кулата од Бего Амдија Лазески била рушена од марулчани за освета због неговите нечовечки односи. Ако не се неговата замисла како контра напад се бавел со убиство од страна на платените убијци од заседа. Прв кој се качил за туркање на амдијовата кула бил Гулабоски Огне како освета дека бил претепан неговиот Ристе од амдијовите аргати со металните вили, Ристе крварел внатрешно и умрел. Гулабовци повеќемина мажии мале заедничка стена за каменови производи воденички камења, корита, рачни мелници, грлушници за бунари, рвеници и др. Амдија провокатор против нивната слога и ги пратил неговите работници во гулабоската стена да работат која била во Стенитесечени камење. Се собрале гулабоските мажи Огне, Ристе, Мијале, Димитрија, Тале, Велјан со мирен разговор ги отстраниле од гулабоската стена.
Амдија збеснал за неговата неуспешна авантура, измислил нова глупост равна на убиство. Гулабоски Ристе бил на печалба во Америка скоро тогаш дојден од печалба. Амдија измислил лажна пропаганда да Ристе Гулабоски парите кои ги запечалил и донесол од Америка му ги подарил на комитите за купување пушки.
Во летото во 1907 година за време на вршење, Ристе со колата товарена со снопје застанал во песокот на патот под Еминовата ограда, денес Колеска да направи починка со ѕевгарот воловите. Тука одненадејно дошле шестмина амдијови работници од враво за вршење и го нападнале Ристе со вилите метални почнале да го тепат. Ристе давал отпор, но осамен почнал да бега по Чајрот и викал за помош. Дошле Павлеските мажи Јован, Петре и од Колевци Јован, Богдан, Крсте го одбраниле. Ристе внатрешно крварел и после една година во летото 1908, умрел. Од тоа злосторство Огне прв се качил на Амдиовата кула да ја руши.
Продолжува
![]()

