ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ЈА СЛАВЕА ВАСИЛИЦА

Повеќе од 150 пензионерки се веселеа и ја славеа Стара Нова година, Василица во централниот клуб. Традиционално, со вртење на бурек со паричка и со музика го одбележаа денот. Највесела беше Милица Раловска. Во нејзината четвртина се најде среќното париче, кое í донесе скромна награда.

Пензионерките ги поздрави претседателот Славко Трајкоски и претседателката на активот на жените, Снежана Дамеска, посакувајќи им здравје и среќни празници.

Loading