ДОДЕЛЕНИ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЛАНИ

На ден пред сега веќе минатата 2025 година, Собранието на Здружението на пензионерите ги разгледа извештаите на комисиите, на надзорниот одбор и на сите тела лани. Акцент се стави на комисијата за здравство и социјала. Се укажа на зголемената потрошувачка на трансфери за еднократна помош, бањско лекување и помош во средства за пензионерите со ниски пензиски примања пред Нова година. Се констатира дека за еднократна помош биле одделени повеќе од планираното. Лани на 305  пензионери им биле доделени по 1500 денари за прехранбени и други средства. На 274 баратели се издвоило, зависно од дијагнозата  и пензиските примања, 1.2 милиони денари за бањско лекување. Тоа е за 400 илјади денари повеќе од  планираното.

Собранието констатира дека комисијата за одмор и рекреација, за спорт, статутарната комисија, активот на жените и дека работеле мошне активно и не само што ги исполниле програмите, туку се надополниле со други активности. Делегатите го донесоа финансискиот план за годинава. Се донесе одлука за награди на спортистите за освоено прво и второ место во дисциплините на пензионерските спортски игри.

На заедничката веселба на повеќе од стотината пензионери, претседателот  Славко Трајкоски им посака среќна нова 2026 година со желби за многу здравје и добар живот. Зора Абрашоска, Фанче Рулеска и Ангелина Костадиновска добија награди од по 4 илјади денари за првото место во кошарка. За освоеното второ место во фрлање ќуле, Борче Кобески доби награда..

Loading