Се слушна внесувањето на клуч во клучалката. Кензо брзо се истркала и остана легнат на истото место. Еден од неранимајковците влезе во собчето. Се загледа, видено напиен и несигурен на своите нозе. Вулгарно се насмеа и рече на девојката:
– Знаеш што те чека кога прво Френк ќе се позабави со тебе. Ништо, млада си, здрава, ќе издржиш без проблем пет мажи.
Му удри една клоца на Кензо, излезе и ја заклучи вратата. Подоцна викањето и плачењето од девојката со киднапирачите одеднаш се пресекоа. Настана кавга меѓу друштвото. Некој прашаше:
– Зошто го направи тоа? Можевме уште да се разонодуваме со неа!
– Оти ме касна, затоа го направив, одговори друг глас.
– Френк нема да биде задоволен, рече некој трет глас.
Вториот глас:
– Како и да е, живи нема да ги пуштиме. Знаеш каков е Френк, прво забава, потоа нож.
Вратата од сопчето пак се отвори. Ја довлечкаа девојката. Излегоа и пак ја заклучија вратата. Несреќната девојка беше убиена со нож и нејзината крв обилно течеше на подот.
Во другата соба се слушаше некаква работа, веројатно ги чистеа трагите од крв.
Потоа некој предложи:
– Да го изгориме сево ова, и да се окупираме со добитокот!
Набрзо во соседната соба настана тишина. Некоја врата се затвори и јасно се слушна дека ја заклучија однадвор.
– Барем да можев да ги одврзам нозеве, тивко изговори Кензо.
– Како? Не можам да ви помогнам, рацеве ми се врзани на грбот со белезици… – праша девојката. А и нозете со јаже, иако донекаде лабаво, додаде.
Кензо со извесно восхитување ја погледна девојката. Веројатно на возраст од 18 -20 години. Личеше на Хавајка, убава. Покрај страшната ситуација во која се најдуваа, сепак се држеше храбро. Свесна беше што ја чека, силувања, можеби и телесни измачувања, и потоа смрт.
– Со забите, и одговори Кензо. Јас така сум врзан, што не можам да го допрам со ништо јажето.
Без да чека други објаснувања, девојката се довлечка до него и почна со забите да се обидува да му ги одврзи нозете. После долги напори, успеа да го одврзи јажето и го праша:
– А сега?
– Сега? Сега и јас ќе ви ги ослободам нозете.
Доста брзо успеа да го одврзи јажето од нозете на девојката.
Девојката пак зазборува:
– Нема спас одовде. Вие сте чесен човек, се најдовте во оваа положба затоа што сакавте да ми помогнете. Не сакам првите мажи во животот да ми бидат оние злосторници. Направете ми услуга, бидете вие првиот.
Изненаден ја погледна:
– Сериозно ли зборувате?
– Да, и многу ве молам. Не сакам тие да ме дефлорираат.
Иако не беше лесно да ја спроведат во дело таа идеја, со полициските белезици на китките, сепак Кензо и ја исполни претсмртната волја на девојката. Потоа махинално ја праша:
– Како се викаше покојната другарка?
– Не знам. Никогаш порано не сум ја видела. Бев дојдена со две пријателки на настапот. Потоа се загубив во толпата и случајно се најдов до оваа девојка кога не киднапираа.
– Како се викаш?
– Овде ме викаат Еше, ама на мојот јазик името ми се изговорува ‘ш‘.
– Дш‘, повтори Кензо.
– Како успеа така добро да ми го изговориш името?
– Па не е толку тешко за изговор. Од каде ти е тоа име?
– Од Турција. Татко ми е овде турски функционер. Јас сум студентка. Да знаев што ме чека, никогаш нема да дојдев на спектаклот!
– Тој настан ми личеше на црковна миса. Сега, заради ова што ни се случува, ми личи повеќе на црна миса, на миса на обожување на демонот, на ѓаволот, за што во средниот век гореле луѓе на клада.
– А ти како се викаш?, го праша девојката.
– Се викам Кензо.
– Од каде ти е тоа јапонско име?
– Не е јапонско, туку македонско.
(продолжува)
![]()

