НУЦК „Марко Цепенков” го издаде вториот број за 2025 година на „Стремеж” – списание за литература, уметност и култура,.
-Птицата на копнежот и надежта го зеде во своето клунче семето од плодот кој се роди од корените на стремежот и созреа на гранките од дрвото на мудроста, па полета во потрага по новите духовни сфери каде ќе ја засади својата визија за естетска топлина и културна сонцевина – вели Александар Војнески, главен и одговорен уредник на Стремеж.
На страниците, донесува поезија, проза, драма, препеви и преводи, критики и есеи, и дел посветен на ликовната уметност:
Списанието за литература, култура и уметност „Стремеж” се отпечати со поддршка на Министерството за култура и туризам.
![]()

