Тренческа е државен првак

Стрелаштво

Во Скопје се одржа Државното првенство во спортско стрелаштво со воздушно оружје за основни и средни учи лишта во женска и во машка конкуренција. Прилеп постигна успех во дисциплината воздушна пушка за средношколки, конкуренција на ученички родени 2006 година и помлади. Таму 1. место во Македонија освои 16-годишната Емилија Тренческа со резултат од 171 погоден круг.

Ученичка е во втори клас во Гимназијата “Мирче Ацев”, членка на ГСК Нишан од Прилеп кај тренерот Славчо Трајковски (на фотографијата). На првенството подолу од Тренческа се две битолчанки од ГСК Пелистер – на 2. место Теодора Христова од СОУ “Таки Даскало”, на 3. место Лела Стојановска од Медицинското училиште “Д-р Јован Ка лаузи”. Ова е нај голем успех на Тренческа, бидејќи претходно нај вредно и беше првото место пред неколку години кога беше најдобра меѓу ученичките од основните училишта. Подвиг – затоа што тренинзите се во импровизирано стрелиште во Центарот за социјални грижи во Прилеп.

Loading