Се одбележаа 20 години од одлуката на Советот, Свети Никола да биде патрон празник на Прилеп, донесена по иницијатива на граѓаните во 2006 година. Тоа е потврда за почитта кон традицијата и хуманите вредности.
– Св. Никола не е само верски празник, туку ден на заедништво, солидарност и отворени домови, длабоко вкоренет во духовниот и општествениот живот на градот – рече градоначалникот Дејан Проданоски.
Годинашните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор” и „Бимфоод” го предадоа кумството на компанијата „Рустика” за ораганизирање на посна трпеза со сарми на плоштад наредната година.
![]()

