Публика во “Ричко”

Мал фудбал

Во зима во фокусот на интересот на прилепчаните е малиот фудбал, така и сега вниманието го привлекува Тринаесеттиот турнир “Свети Никола”. Салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” секој ден е полна со публика, интересни се елиминациските мечеви за сениорите. Почнаа од вторникот наваму, со осминафиналето. По правање нема, кој губи – отпаѓа. Откако со 8:3 го совлада Џу лијано/Хримакс, во четвртфиналето Давид Коруноски наидува на подобриот од Андринико – Кули. По победата од 4:1 врз Јока, ПВЦ Никем се соочува со победникот од Фенербахче – Инекс Олгица. За тимот Аце Најдески, по успехот од 3:0 над Гостилница Мерак, четвртфинален противник го има подобриот од Фасада Чајник – АСП Пак. Четвртфиналето е денеска, полуфиналето утре, финалето в недела, а има и пионери..

Loading