„Поноќни копнежи” е првата поетска книга од Миленко Тодески, која содржи 40 песни во кои се претставува копнежливата димензија на зборот. Содржи песни од младоста, па сé до последните поетски бранувања.
Тодески е поет кој ги одголува засолнетите молитви и воздишки и ги распостила нежно и треперливо, а во исто време, како што вели проф. д-р Елизабета Бандиловска, моќно и проникливо.
– Песните во збирката „ Полноќни копнежи” ни го откриваат Тодески како поет кој воспевајќи ја тивката љубов на исчекување упатена кон жената од соништата, ја продолжува врвицата на сите други трагачи и сонувачи на љубовта како универзална величина – вели Бандиловска.
Миленко Тодески е член на Клубот на литературни творци Прилеп.
![]()

