Фељтон: Томе Велјановски
Неговиот син Тале имал четири деца, Васил, Грозда, Ѓорѓија и Никола, сите биле удомени со свои фамилии. Ќерката Грозда била мажена за Јанкоски Ристев Илија во Марул. Синовите од Тале ги фатило паника, страв. Никола фамилијарно заминал за Бугарија. Васил и Ѓорѓија фамилијарно се иселиле во Прилеп. Амдија нивното место го завладал без да плати. По некое време, Амдија започнал расправии, кавги со Трипискулоските комшии, соседите Мицевци. Мицевци од со повеќе расправии со А,дија од страв од убиство го напуштиле родното место и се иселиле во с. М.Рувци.
Амдија на мицевското место во дел со Кулата му го поклонил на полјакот Тоското половината го задржал за себе со тоа го проширил куќното место, Амдија на тоа место донесол момок за овчар од с. Лагово, Здраве со потекло од с. Вепрчани, Мариово на тоа место живее неговото потомство, Здравески Стојанов Атанас Чонески.
После едно време Амдија Лазески се закачил со Китевци поради тоа што ги пуштил неговите аргати каменари да работат во Китеската стена која се навоѓала во местото Стените – сечени камење према Подмол еден километар од Марул да изработува воденички камење, рачни мелници, камени корита, камени грлушници за бунари, камени гробарски плочи, камени казани за топла вода за во казарница и др.
Китевци живееле во Западно Маало помеѓу Мурџевци и Марковци, а биле Мурџески крштеници. Китевци сетиле со каков човек има работа, местото куќно му го продале за евтини пари на бегот Амдија и се иселиле во Прилеп.Додека бегот Амдија на китевското куќно место го донесол и населил арнаутино Јонуз од Призрен, Косово, фамилијарно османски подајник.
Гулабоски Трајчев Новаче се делил од брато Стеван, постанал самостален, нов домаќин, се главил за овчар кај бего Амдија Лазески, но без куќен простор. Амдија извршил притисок до Гулабоските комшии Бозгевци за да му доделат една просторија фамилијарно да се смести Новаче и тие биле со мали простории, е одбивале таа препорака барана од Амдија, дошло и до физичка пресметка. Бозгевци виделе да при сила нема правина дека ќе има жртви, ако не тука, некаде по патовите, му го продале местото на Амдија и се иселиле во Штавица. А, Новаче бегот го вселил во тие простори. Тоа место сега е Димитријоско. Сега болниот Котески Илија бил женет за девојката Елена Бозгеска, додека живееле тука.
Небудноста на домаќинот Боше дошла до раскол меѓу браѓата во заедницата на Марковци.
Марковци во Марул биле тројца браќа, Боше, Диме и Коте биле богати и располагале со секаков цапитал, со големи површини на обработлива земја. Напреџија како домаќин бил најстариот брат Боше, семејно што ја застрела Котејца Дамјаноска во кавгата со Спасејца. Према куќниот план браќата се договориле за да купат овци, да го згоелмат стадото. Еден ден домаќинот Боше го вјавнал коњот, отишол за на битолскиот сточен Пазар да купува овци. Кога стигнал во Битола, прво отишол кај посестримата Ѕука, се поздравиле со Ѕука и Боше отишол до сточното пазариште и пазарил еден голем булук овци, шеесет овци.
Боше посигнал да го вади кесето со пари во џебовите за да ги плати овците, кесето не го нашол во неговите џебови, го фатило паника, набрзина се вратил кај побратимката Ѕука да не му е таму паднато или заборавено, Ѕука му потврди да таа не видела дома кај нејзе кесе. Боше сакледисан го извадил коњот од кај посестримата Ѕука. Поминал кај пазарот и му кажал на продавачите на овците да парите ги загинал, не можи да ги плати овците, нека си барат други купци.
Продолжува
![]()

