Од први јануари почнува примената на законот за работно ангажирање сезонски, а со кој ќе се намали “сивата” економија. Го опфаќа угостителството, земјоделството и услужните дејности, а работно ангажирани ќе можат да бидат лица под 18 години, студенти, веќе вработени лица, пензионери, корисници на помош од државата, без да го изгубат статусот.
– Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат лицата ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат – рече Марјан Ристески, заменик министерот за економија.
Освен новиот закон за сезонско ангажирање на работници, за што УЈП подготвува систем за плаќање на данокот и придонесите, од 1 јануари ќе започне и пилот имплементацијата на е – фактурата.
– Двете мерки директно придонесуваат за поедноставување и забрзување на деловните и административните процеси кај компаниите во делот на обезбедувањето работна сила и фактурирањето. Имаат значаен системски ефект врз намалувањето на сивата економија – преку формализирање на неформалните вработувања и поефикасно откривање на непријавениот промет и приходи – вели Елена Петрова, директор на УЈП.
Сезонското ангажирањето годишно може да биде до 120 дена во угостителство и услужните дејности, до 180 дена во земјоделството, или максимамално до 15 дена во месецот.
![]()

