На крајот од претставата огромната толпа почна да се разотидува во различни насоки со помош на сообраќајната полиција, која се трудеше да го организира и канализира заминувањето. Бидејќи Кензо немаше повеќе работа, полека се упати пеш кон својот стан во близина на стадионот. При тоа виде некаква турканица. Запре и констатира дека четворица млади луѓе влечеа две исплашени девојки кон едно комбе. Меѓу народот не се гледаше ниту еден полицаец. Никој не обрнуваше внимание на сцената. Луѓето често пати избегнуваат да се мешаат од стравување да не бидат натепани или, уште полошо, повредени со оружје. Четворицата мажи изгледаа насилнички, физички, доста јаки. Кензо не се поколеба, се приближи и побара од насилниците да ги остават двете девојки на мир.
– Оди си по патот, да не ти лути вратот!, му рече еден од “квартетот”.
– Штом девојкиве не сакаат да дојдат со вас, немате право со сила да ги внесете во комбево!, одговори Кензо.
– Гледај си ја работата, човеку!, му рече со заканувачки еден од групата и се обиде да ја турне едната од девојките во комбето.
Кензо го фати за мишката за да го задржи. Другиот ја пушти девојката и му упати удар со тупаница. Кензо го избегна ударот и со противудар го спружи на асфалтот. Но, веднаш изгуби свест, погоден одзади во тилот со пендрек од некој од другарите на напаѓачот. Оној кој падна, стана и кога двете девојки беа фрлени во комбето, им рече на тројцата други.
– Земете го. Затоа што ме удри, скапо ќе ми плати!
Кога Кензо се освести во комбето без прозорци, осети дека рацете му се врзан на стомакот во полициски белезици, а нозете врзани со јаже. На светлината од една слаба внатрешна ламба ги виде двете грабнати девојки. Едната од киднапираните неутешно плачеше легната на железниот под, со свиткани нозе и колениците, заградени со двете раце. Другата, иако смртно исплашена, молчејќи ја набљудуваше другарката.Подалеку, седнат на куп стари кебиња, опрен со грбот на преградата од комбето, едниот од никаквеците ја набљудуваше спокојно сцената. Тројца другари се гледаа преку малото прозорче во кабината од возилото.
– Каде нé носите?, праша Кензо.
Наместо одговор, го удри со тупаница по лицето. Седна го извади автоматскиот пиштол и почна да се “разонодува” со играње со затворачот, со празнење и со полнење на оружјето.
Комбето запре. Двете девојки ги изнесоа. Кензо го одвлечкаа грубо. Виде дека е пред зградата од некаква фарма. Околу немаше згради. Во куќата ги пречека петти другар од “квартетот”. Штом ги виде, Кензо заклучи дека овој е најопасниот. Човекот беше убаво момче, со брада и со благ поглед. Кензо имаше постаро искуство со луѓе од различни категории. Осозна дека зад благиот поглед се крие дивјак, способен за извршување на секакви насилија, па и за убиства.
– Зошто сте го донесле и овега?, праша “благиот поглед”.
– Оти го удри Џемса и сега Џемс сака да му се одмазди, одговори еден од групата.
Девојките и Кензо ги затворија во мала соба во која влегуваше светлина низ едно мало прозорче. Потоа, “благиот поглед” се врати и внимателно се загледа во девојките, па на другарите им нареди:
– Со оваа правете што сакате, ама другава, – покажа на девојката што не плачеше и исплашено молчеше, – ќе ми ја оставите мене! Кога ќе се позанимавам со неа, ќе ви ја оставам на располагање. Сега треба да одам в град. После ќе се повеселиме. Разбравте што реков?
– Разбравме, одговорија другарите – им рече видно авторитетниот шеф.
Од надвор се слушна брмчење и оддалечување на автомобил. Шефот тргнал по работа в град. Во сопчето влегоа двајца од киднапер. Ја фатија под мишките девојката што плачеше, ја кренаа и ја одвлечкаа во другата соба. Набрзо се слушнаа од таму смеење, очајно викање и молење на девојката, удирање на чаши и шишиња. Девојката која остана сама со Кензо, ја пикна главата во кебињата да не слуша. Овој, се довлечка и рече:
– Имате ли безопасна или нешто слично?
– Немам, зошто ме прашате?, му одговори со шепот.
– За да се обидете да ми ги отклучите белезициве.
(продолжува)
![]()

