Во кино Мис Стон
Утре во киното Мис Стон од 11 часот ќе биде прикажан филмот „Биби и Боби во светот на бајките”. Влезниците се продаваат на билетарницата од киното, денес, од 10 до 12 часот и утре, еден час пред почетокот на проекцијата на филмот.
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која во 45 минути ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.
![]()

