Изложба во Ликовната галерија
Годинава се одбележуваат 650 години од раѓањето и 630 години од смртта на Крал Марко, кој е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија. Тој е историска личност, но истовремено, најпознат јунак на епското народно творештво на Балканот. Бил и ,,дипломат”, но и турски вазал, а негови „траги” има насекаде. Затоа, Заводот и музеј Прилеп го реализира проектот „Балканскиот јунак Марко”, што ќе биде претставен вечерва од 19 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков”.
Низ текст и голем број фотографии ќе биде пренесена приказната за Крал Марко, а автор на проектот е историчарот Рубинчо Белчески, советник кустос.
– Преку овој проект, ќе воспоставиме дијалог на нашите култури, различни, но со заеднички нешта. Заеднички моменти од историјата, заеднички приказни, легенди и преданија за кралот Марко, од кои се едуцираме, извлекуваме поуки и заклучоци. А, заедничка ни е и европската иднина и негување на традицијата. Истражувањето резултира со времена музејска поставка која покрај текстуален дел, преку фотографии содржи и многу нешта што низ земјите на Балканот се именувани по Марко – вели историчарот Белчески.
Во иднина, треба да прерасне во трајна музејска поставка на заедништво и дијалог „Балканскиот јунак Марко”
![]()

