АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ќарот и зијанот се браќа, а при делба треба да се дели и зијанот.

*

Што уште не е гнило во државата?

*

Мислат дека пиеме нафта, а не знаат дека немаме пари да ја купиме.

*

Сатирата треба да е кратка и бритка секого да може да го свитка.

*

Добар афоризам што може, ни роман не може.

*

За состојбите не се одговорни само ѓубреџиите.

*

Полн е како брод, и тоа гусарски.

Д-р Хаџи-Васков

Loading