ЖИВОТОТ Е ПЕСНА, А ОБВРСКИТЕ ДОМА ЛЕСНА РАБОТА

Со услугите на Агенцијата “Домашна грижа”

Со Агенцијата “Домашна грижа”, старите лица и на оние кои им е потребна помош, може спокојно да уживаат во семејната атмосфера и да ги задоволуваат барањата за храна, хигиена и здравствени услуги.

Со помошта за нега и грижа што ја нуди „Хом Кер”, животот станува полесен, поубав и сé да се има на дофат на раката. Во домот, на кој се навикнати и се чувствуваат најудобно, со услугите на компанијата која е единствена од овој тип во регионот, нема да имаат повеќе главоболки за секојдневните обврски.

Нудат различен тип на услуги. Целта е старите и немоќните лица да бидат дома, а друг да им го бере гајлето за да им стигне храна до домот, да се набават лековите, да се извршат ситни поправки.

– Нашата мисија е да обезбедиме достоинствен, безбеден и удобен дом, со услуги прилагодени на индивидуалните потреби. Нашата грижа е насочена кон создавање на чувство на сигурност, доверба и почит. Секој наш корисник го добива вниманието кое го заслужува, со љубезност, трпение и професионалност – вели Ана Марија Ивановиќ, управител на Агенцијата за нега и грижа на стари лица „Хом Кер”.

Дел од услугите се домашна посета повеќе пати неделно, набавка на намирници повеќе пати неделно и по потреба, плаќање на сметки, месечна набавка на лекови по рецепт.

– Располагаме со негователки за грижа за потребата на клиентот до 8 часови дневно. Организираме домашна посета за лабораториски анализи, домашна посета на лекар, физиотерапевт. Имаме и фризери, луѓе за средување на дворот, опфатени се сите аспекти – вели Ивановиќ,

Може да се користи секоја услуга поединечно или во пакет.

Професионалните услуги за нега на стари лица дизајнирани се да ја подобрат удобноста, независноста и квалитетот на живот.

Агенцијата се наоѓа веднаш зад кафулето Дипломатик, на улица „Борка Влачарот” број 2. Контакт на телефонскиот број 078-430-140.

УСЛУГИ ЗА БРОЈНИ ПОТРЕБИ

Од искусни стручни лица, нудат редовни домашни посети, за проверка на состојбата, дружење, разговор и поддршка во секојдневните активности. Медицинска и здравствена грижа, нега на болно или неподвижно лице, посета на лекар, лабораториски анализи дома, менување на катетер, помош при бањање и лична хигиена. Организираат професионална физикална терапија во домашни услови, со индивидуални вежби за поддршка на мобилноста, намалување на болка и подобрување на општата функционалност.

Обезбедуваат придружба до лекар, пазар, банка или каде и да е потребно. Набавуваат намирници и месечна потреба на лекови (терапија). Помагаат при месечно плаќање на сметките, поднесување на документи и сите потребни обврски што бараат организација и време.

Се грижат и за одржување на хигиената во домот, мали домашни поправки, уредување и одржување на дворот.

ЉУБОВ, ТРПЕНИЕ И ПОЧИТ ДО ПОМОШ

– Ова не е само работа, туку исполнување на долго чекана желба. Секој повозрасен човек заслужува грижа, внимание и чувство дека не е сам. Особено ми е мило што луѓето ја препознаваат идејата ја поддржуваат реализацијата. Со љубов, трпение и почит им помагаме на старите лица да останат во својот дом, опкружени со сигурно и човечка топлина и ги повикуваме семејствата да ни ја доверат грижата – додаде Ивановиќ.

Loading