Турнирот со играчи од други градови

Мал фудбал

По еднодневна пауза продолжи Тринаесеттиот турнир во мал фудбал “Свети Никола” во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Кај сениорските тимови борбата е неизвесна. Има секакви квалитети. Има и прволигашки фудбалери, како што се членовите на Пелистер, Тиквеш,. Има и младински шампиони, како некои од младинската екипа на Победа, шампион на Македонија.

Гледачите коментираат за фудбалерите од други градови и местата, како за Фенербахче од Кичево, Андринико и другите носители на групи, како Компанија Атанасоски, Пилана Жарко, Теа Андреа/Хајв кафе, Прилепец, Кули, АСП Пак од Охрид.

Турнирот почна на 12 и ќе трае до 28 декември.

Loading