“Со “Прилепската празнична приказна” се стремиме полека да ги вратиме луѓето во центарот на градот. Тоа е директно заживување на градското срце, старата чаршија. Пристапивме во партнерски однос со Витаминка да се привлечат сограѓаните во центарот. Очекуваме да се предизвика одредена потрошувачка во чаршијата. Особено ќе се гордеам ако програма излезе од рамките на Прилеп”.
Ова го истакна градоначалникот Дејан Проданоски, објавувајќи ја осумдневната програма и новогодишно атрактивно дизајнирање на градот чија круна ќе биде интерпретацијата на Наум Петрески ноќта на преодот од старата во новата година.
– Создаваме атмосфера за забава, за различна димензија на дочекот на Новата година. Понатаму да привлечеме туристи, потанцијални потрошувачи – рече Проданоски.







Тој апелираше компаниите да го искористат просторот за новогодишните забави осум дена, оти ќе има бесплатна музика, добра понуда од куќарките на базарот, храна или пијалок.
Според градоначалникот,локалната самоуправа одделила два милиони денари за новогодишно украсување.
Витаминка
Новогодишна најава на 70- тиот роденден
Во пресрет на прославата на 70 годишнината на Витаминка, компанијата се вклучи во креирање на празничната програма.
– Ќе поставиме 7 дрвени типизирани куќарки на кои ќесе послужува храна и со пијалок. Ќе се понудат и ракотворби. Ќе има дополнителни содржи. Компанијата партиципира во забавниот дел на бината сите празнични денови – изјави Орде Ѓорѓиоски од Витаминка.
Витаминка ќе ги заслади празничните денови со бесплатни производи, можност за фотографирање со Дедо Мраз, доделување на колетчиња и можност да се купат производи.
![]()

