Фељтон: Томе Велјановски
Откако завршиле со вршидбата, во гумното при крајот на месец август 1900та година, Стојан е товарил воловската запрежна кола, отишол на градските прилепски воденици кои се наоѓале северно од Прилеп, стално биле во подем, мелеле брашно. Колку се задржал таму не е потврдено, го сомлел житото во брашно, го товарил и си тргнал за дома.
При половината на денот, дошол кај чешмата Шопур во чумоечкото која се навоѓа на патот, расположен, сомлел брашно и воловите ем напиени вода, ем одморени. Во тоа исто време додека Стојан бил кај чешмата дошол марулецот домазето за Котејца Дамјаноска. Коте Чурлин одел за во Прилеп. Коте пред да дојди кај Чешмата забележал повеќемина со муслиманска носија со пушки поред нив, ги поздравил на турски и заминал према Чешмата за Прилеп.
При средбата кај Чешмата, Коте на Стојан му рекол, онде во долчето има неколку луѓе вооружани со пушки, некои седат, некои лежат. Ако ти е страв Стојане, врати се, а Коте заминал за Прилеп. Стојан му одговорил на Коте, кој сака нека бидат, јас немам ништо сумливо во мене.
Стојан е потерал колата со брашното за дома. Само навлегол према ниското место према долчето, згрмиле пушките од заседата, Стојан паднал убиен. Ја оставил жената вдовица пет деца сирачиња Боне, Илија, Петко, Ристана и Стојна. Дознале Павлевци, дошле од Марул, го донесле дома и го погребале во павлескиот предел во Марул.
Колески Петре, женет за Дуна од Шкарланите од с. Бонче. И тој му бил сумлив на турските власти за Танески Трајко, убиецот на бегот Чочано поради и петревата жена е од Бонче, можно е Трајко се има засолнато. Затоа власитите ги пуштиле канатларските убијци Исламовци и Пардиовци, помешани со ерековските Џаферовци. Еден ден Петре Колески ги пасел овците кај местото Ушите, седнал да јади леб, во тој момент дошле убијците, го почекале да дојади, потоа ги навртиле пушките и го отепале.
После убиството на Павлески Стојан и Колески Петре, Павлеските браќа на Стојан, Јован, Петре и Тасе како потомци од с. Крушевица го повикале мариоскиот војвода Толе Паша за одмазда против бегот марулскии Амдија Лазески. Една вечер касно, четата на Толе Паша е нападнала кулата бегова. Се слушало истрели од пушки од двете страни. Прозорите на Кулата биле оштетени и повреден бил ќато Алија Забо. Од тоа случка, почнале секоја вечер за преку ноќта пред влезната врата да има осветлување.
После едно извесно време по убиството на Стојан Павлески, неговата жена бончанката ги оставила децата кај Павлевци и се премажила во с. Бучин. Еден нејзин син пои ме Коле од вториот и маж, имаше дојдено кај Павлевци да види каде живеела неговата мајка.
Жената од Колески Петре, Дуна поново се враќа во Бонче поради се премажува кај Шапкови за момче, со име непознато, Таа таму навоѓа дете сираче Сребра од првиот брак на нејзиниот сегашен сопруг кај Шапковци. После едно кратко време се разболуваат двата сопружници и умираат.
Децата Сребра и Стојко поново остануват сирачиња. За голема хуманост Колески Стојан ги зема во Марул, ги догледуват и Сребра се мажив о прилепско Алинци кај Николовци каде има потомство. Стојко останува неоженет – калуѓер, живее во заедница со Колески Веле и неговот потомство. Но, внукот Ванчо во сите работи Стојко му е десна рака, Стојко 1891 година е роден.
За двата првичари убиени во Калуѓерски ливади, Мицески Спасе од с. Ма. Рувци и Пиргоски Илија од с. Беровци, нема подетално за нивните потомства. Додека Чипкуно Илија од с. Галичани бил женет за Чакмакоска Грозда од с. Мало Рувци кои во нивниот брак имале две малолетни деца Аце и Љуба, Љубинка позната во јавноста.
Нивната мајка Грозда се премажила за вдовецот Колески Велјан во с. Бонче. Грозда вдовицата со нејзе си ги зела децата Аце и Љубинка кај Колески Велјан во Бонче, таму нашла дете дете сираче од претходниот брак на Велјан, пои ме Стефка. Во новиот брак меѓу Велјан и Грозда му се родиле пет деца: Секула, Донка, Пеша, Јован, Цветан, сите имаат свои потомства.
Настраданите роднини на отепаните првичари во Калуѓерски ливади долго време иделе на местото, дури понекогаш го носеле и седлото од отепаниот коњ на Илија Чипкуно, на местото го оставале, палеле свеѓи и меѓу себно си раздавале задушница помеѓу себе.
Полјакот Тоската од марул иначе Валона денес од Јужна Албанија ја продал Кулата во Марул за 20 лири, парите ги вложил за да биди убиен Павлески Анѓелев Стојан.
Нешто за карактерот и односот према народо на Бегот Амдија Лазески кој дошол во 1887 година од Прилеп за полјак во Марул. Бидејќи о добичен човек голиштар се препознава по занаетот за кратко време постанал моќен бег во с. Марул. Тој работел тајно за отоманската власт.
За да се здобие со куќен имот, земјиште се поврзал со канатларските арамии убијци. Марулецо Дамјан Трипискулоски еден ден си орал во негтовата нива во местото Дончилица, западно од Марул на границата со канатларскиот сињор.
Тука нашле турско канатларските ловџи не баре зајакот кој бил скорнат од нивните загари идел према нив на орачот. Дамјан во орањето викал по ѕевгарот воловите, зајакот од тоа негово викање го сменал правецо на бегање, тие го пропуштиле за да го отепат. Ловџиите лути отишле кај орачот Дамјан и со еден мал приговор навртиле пушките и го убиле орачот Дамјан.
Продолжува
![]()

