Градот со жичница од една минута

Загреб, главниот град на Хрватска, блеска со новогодишниот божикен базар. Само заради волшеноста на атмосферата е мамка за многу туристи во административниот, деловниот, научниот и културниот центар.

Градот е израснат од две населби на два соседни рида, од Градец и Каптол. Тие се јадрото, стариот дел.

Престолнината на хрватска заличува на средновековието и на барокниот период. За среќа, голем дел од објектите се реновираат по земјотресот што оштети дел од институциите. Блеска и дење и навечер, небаре бајка. Украсен, сјаен, полно содржини кои ги привлекуваат очите и ја полната душата. Се ужива во глетката на секој чекор.

Срцето е плоштадот на кралот Томислав со доминација на неговиот споменик. Локалните власти за благданите, како што Хрватите ги викаат празниците, поставиле лизгалиште. Се забавуваат и млади и возрасни. Третото доба се користи за враќање на годините од младоста. Наспроти е главната железничка станица. Паркот Зринјевац е во новогодишно руво. Амбиентот не остава никого рамнодушен. Декориран е магично. Во средината е павилјонот каде секоја вечер се пее и се игра доцна во ноќта. вишокот на децибели никогоп не го вонемирува, напротив, го “пали”. Се случува околните жители да слезат да танцуваат во пиџами во “малите саати”. Нели, празници се, па секој ги слави и на свој начин. Блиску е Археолошкиот музеј, Хрватската академија на уметностите…

Главниот плоштад е посветен на Банот Јелачиќ. Името го носи по најистакнатата личност во хрватската историја, Јосип Јелачиќ. На среде се извишил споменикот, а околу е фонтаната Мандушевац, по чиј извор Загреб го добил името. На плоштадот е кренат панорамник да се долови градот од високо. Тука е и најпосетениот централен пазар Долац. Улицата Илица е носечка сообраќајна артерија со централната трамвајска станица од каде може да се направат различни туристички тури.

Катедралата на вознесението на блажената Девица Марија и Св. Степан и Ладислав е најзначаен верски објект. Камената врата е правоаголна кула со премин. Та е  една од преостанатите од четирите од 13 век. Во средината е капелата со сликата на Богородица со златна круна. Блиску се црквите Св. Катерина и Св. Марко. Симбол на градот е Св. Марко од 14 век. Обновена е во 19 век. Позната е по покривот на кој е вграден грбот на Хрватска, Словенија и Далмација и грбот на Загреб. По улицата Св. Кирило и Методиј се слегува до Лотршчак кулата од 13 век. Сочуваните делови на некогашната стара градска фортификација датира од од 19 век. ТУристите се собираат, бидејќи градот е како на дланка. И овој дел е спакуван во новогодшна “амбалажа”.  Го красат илјадници божикни реквизите во различни колорити. Тука е и Музејот на распаднатите врски. Надолу по скалите се слегува кај “Јелачиќ”. Блиску е атрактивниот премин со тунелот Грич. Градската жичница е најкуса на светот. За една минута се минуваат сите 66 метри. Го поврзува долниот со горниот град.

Интерес предизвикуваат уште Музејот на осумдесетите, Народниот театар, паркот Мирогој, кој изоболува со извонредни скулптури од врвните хрватски уметници и други знаменитости.

Хрватите се мераклии на добра храна. Таква им е националната кујна. Прстите се лижат на загорските специјалитети. Може да се направи слатко  гоштевање со торта, бајадера. Цените се блиски до нашите, иако стандардот е повисок.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading