Есенски крај со 16 бода

Ракомет

За четири екипи заврши есенскиот дел од Супер лигата во ракомет на Македонија за мажи. Покрај скопскиот меч Бутел – Алкалоид 28:33, во Прилеп домашниот истоиимен тим се избори за пристоен пораз од 25:31. За сите други тимови имаше натпревари и во средата, вчера, а има и в сабота – последниот дуел Еурофарм Пелистер 2 – Пролет. Конкретно,  тимот Прилеп солидно одигра. На 18 меча постигна 8 победи, доживеа 10 пораза, освои 16 бода. Зачувани се шанси за пласманот во плејофот, меѓу шесте најдобри во земјава. На последниот дуел најефикасни беа Александар Тренчевски со 9 и Димитар Димитриоски со 7 гола.

Табелата се менува со одигрувањето на мечевите до сабота.

Супер лигата продолжува на 7 февруари. Прилеп му гостува на високопласираниот Охрид.

Loading