Една современа миса
Од 4 часот попладне почнаа да пристигнуваат автомобили, мотоцикли, автобуси до големиот фудбалски стадион. Полицијата ги насочуваше кон околните јавни паркинзи и улици со место за паркирање. Кога се исполни просторот, возачите ги запираше на периферијата од градот. Им наредуваше да го паркираат возилото на некој од привремените паркинзи, предвидени за посетителите на вечерната претстава. Оттука, возачите и сопатниците формираа врволица и полека одеа пеш кон стадионот. Најголемит дел беа млади девојки и момчиња. Тек-тук имаше по некој постар со “младо срце”. Одејќи јадеа ‘ктрки. Запираа и пред мобилните приколки со продавачи на колбаси, помфрит, пиво или безалкохолни пријалоци. Пиејќи, јадејќи, смеејќи се, продолжуваа носејќи во рацете конзерв со пиво или некој зашеќерен безалкохолен пијалок. Некои беа нормално облечени, други ја потенцираа силуетата со оригинални алишта и фризури на модерна млада “фауна”. Анархично манифестираа против уредувањето на постарите од пазарното општество во кое едно од начелата е “купувам, значи живеам”. Оној кој не купува или нема можност, не е жив, туку е жив мртовец.
Кензо, кој имаше завршено курс за прва помош, беше ангажиран, со други мажи и жени, да интервенира при слошувања, губење на свест или повреди на некој од публиката. Стоејќи на определеното место, набљудуваше илјадниците посетители со кои стадионот беше исполнет до последното место. Се прашуваше, како можат да плаќаат толку скапи билети за вакви собири! Следејќи го текот, собирот му заличи на гигантска миса, богослужба, во која молитвите и обожувањето се упатуваат кон псевдобожества, идоли. Или, можеби служба во една модерна црква каде младите се среќаваат, заедно, создавајќи “енергетска централа”. Се поврзуваат ментално и несвесно со невидливи нишки при настапот. Се чувствуваат силни, весели, занесени, далеку од секојдневните незгоди или драги на човечката реалност на нивната возраст. Кензо заклучи дека како енергетска централа ги претпочита ората. Мислите му се свртија на “мисата”. Славниот пејач меѓу младите е дојден со опреаво десетина камиони. Околу 200 луѓе се грижеа за безбедноста. Неговата свита состоеше од преку 150 лица. “Мисата”, значи, им овозможува на стотици луѓе директно или индиректно да заработат некоја пара за живот. Тоа е позитивен феномен. Минатиот пат, кога прочуениот пејач гостуваше, Кензо беше еден од блиските телохранители, оти младите, особено девојките, толку се стегаа околу нивниот идол, што можеа да го повредат и да го задушат. Тогаш беше тајно вооружен со пиштол во заштита, ако се појави некој улав во обид за убиството на прочуена личност за да се прослави преку медиумите.
Илјадници грла го поздравија со огромни овации појавувањето пејачката ѕвезда на сцената. “Богослужбата” почна. Кензо го видел одблиску прославениот идол на младите. Изгледот не му остави впечаток, особено изразот на очите што содржеше нешто волчјо, смешано, безизразно, патолошко. Одалеку, под фабулозната игра на разнобојните светла од рефлекторите, деталите не можеа да се видат. Цела шума од раце, спружени нагоре, “танцуваа” на ритамот од музиката и од пеењето. Електронските инсталации, огромните звучници, дифузираа неподнеслив број на децибели. Се тресеше целиот стадион. Како ровји ја зашеметуваа и ја опиваа публиката. Пијанството се пројавуваше со викање, со хистерично плачење, со кинење и фрлање облеки. “Лудница”! Делови од програмата имаа нешто волшебно, магиско. Таква беше играта на разнобојните светлини или повременото фрлањето на огномет со ракети што експлодираа над стадионот и се распрснуваа во прекрасни форми. За жал, многу кус беше животот на шарените огнови. Дежурните пожарникари будно внимаваа на илуминациите, дали се вршат според предвиденото да се избегнат повреди или, уште полошо, пожар и паника што би предизвикале вистинска катастрофа.
Канзо немаше многу работа во текот на спектаклот. Имашње само неколку мали повреди и губење на свеста. После укажаната првата помош лица само можеа дазаминат. Никој не беше однесен в болница со некоја од колите за брза помош што чекаа во близината.
(продолжува)
![]()

