АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ветрот не можеме да го смениме,но едрата можеме.

*

Развојот на демократијата не може да се гледа низ нишанот.

*

Кога сите шепотат најдобро е да молчиш.

*

Добро е кога се зголемуваат платите, но не и кога куповната вредност  многу се намалува.

*

Дволичните се всушност безлични.

*

Овците не можат без кучиња и стрижачи.

*

Каде ќе се вее нашето знаме треба да одлучуваме само ние

Д-р Хаџи-Васков

Loading