Мал фудбал: Турнир “Свети Никола 2025”
Пред нас е 13. турнир во мал фудбал “Свети Никола 2025”. Организацискиот тим ес во стариот состав, општината и спортското здружение, со покровителот Комфи ангел, Од денес 12 до до недела 28 декември 32 сениорски екипи (во кои има дури и прволигашки играчи), по уплатата котизација за учество од по 10.000 денари ќе водат битка за победничкиот пехар и паричните награди – 300.000, 180.000 и 70.000 денари. Покрај домашни од Прилеп и прилепско, учесници ќе бидат и успешни тимови од Скопје, Битола, Охрид и други места. Натпреварите се секој ден во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, со влез од 50 денари (групна фаза) и 100 денари (елиминации).
Пионерскиот дел од турнирот е во салата од ОУ “Добре Јованоски”.
![]()

