В понеделник во ЦК “Марко Цепенков”
Современа трагикомедија за човекот кој сонува, насловена “За нас почнува живот” ќе биде изведена в понеделник, 15 декември, од 20 ч. на сцената 105 во ЦК “Марко Цепенков”. Влезниците од 250 денари се продаваат на билетарницата од 10-12 ч. и од 17.30- 20 ч. и в сабота од 10- 12 ч.
Приказната е за тишината меѓу двајца. Со зборовите што не се кажани. Со љубовта што опстојува и кога е скршена. Еден маж и една жена. Два живота. Еден стрмен пат, полн со пречки. Ги носат болките, соништата и прашањата во обид да стигнат до врвот, до замислената точка каде “животот конечно почнува”. Претстава не е бајка, туку е огледало каде не се гледа совршенство. Таму се мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеалите, разочарувањата и трагање по среќата.
Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви.
Претсавата е во рамките на 75 годишнината од постоењето на театарот “Војдан Черносдрински”.
![]()

