Тетекс е следен плен

Кошарка

Викендов е 9. коло од Првата лига на Македонија А-група, во тие рамки дуелот Мега баскет – Тетекс. Тетовскиот тим е следна жртва на прилепскиот, ако се има предвид дека домаќинот, борејќи се за врвот, реди победи и со таа амбиција е и сега. Претходно Мега баскет двапати со ред победи на гости – 88:57 со Младинец во Скопје и 101:94 со Црн Дрим во Струга. Во прилепскиот состав има расположени стрелци, како Враниќ со 33 поени, Пантелиќ. со 18, како и Радически, односно Настески кои додадоа по 14. Натпреварите екипата ги игра во ОУ “Добре Јованоски”.

Табела: Вардар 14, Мега баскет 13, Водно санс и Охрид 11, Црн Дрим 9, Тетекс 8, Младинец 6.

Loading