Спомен на борбениот дух

Борбен прилепски дух на мермерна плоча со делкана фигура на млада партизанка со пушка, ранец, кренат бил на плоштад. Момата е фатена отстрана со долга плетенка на рамото.

На плочникот од сиво и бело тло, девојката “одмора”, додека младите го заземаат просторот за шеткање и за дружба на заедничкото корзо.

Калдрмената улица дава шмек. Посебно раздвижениот возен парк. Има автомобили. Малку се лизга автобусот по “европската” улица.

Се натокмила, се дотерала Старата чаршија со “личотија” дуќани во дослух со здивот на времето, на ударните градителски акции. На раздвижените граѓани им е задоволство да крстарат низ сокаците на чаршијата под звукот на градскиот часовник.     

Loading