Регионално управување со отпадот

Прилеп стана дел од современиот регионален систем за управување со отпад за почиста и поздрава животна средина. Во Министерството за животна средина, градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со колегите од пелагонискиот и југозападниот регион, формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО).

– Со потпишувањето на овој значаен договор, направивме решителен чекор за воспоставување на координиран, модерен и ефикасен систем за управување со отпад по европски стандарди – вели Проданоски

Според него, цел е повисок квалитет на услугите, чиста и здрава животна средина и современи решенија за сите граѓани.

– Ќе работиме заеднички на решавање на проблемите со дивите депонии и за подобрување на целокупниот процес на управување со отпадот – појасни прилепскиот градоначалник.

Организатор беше Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и САЛАР Интернатионал.

Loading