Ракомет
Претстои 17. коло од Супер лигата на Македонија за мажи и шанса за Прилеп. Иако е гостин, фаворит е кај Струга, имајќи ја предвид табелата. Претходно Прилеп одлично се покажа со Пролет во Скопје (27:30), а имаше и во средата тежок меч дома со скопски Алкалоид на селекторот Кирил Лазаров (33:39).
Во Првата женска лига на Македонија, Деспина во Скопје со 27:20 загуби од МРК Ѓорче Петров во 11. коло, а викендов дома го чека Овче Поле СУ од Свети Николе, во 12. коло.
![]()

