ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (316) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Кога дошло време лозјето да се бери неподелено кое се навоѓало во местото Капка во сињорот во с. Мало Рувци, парцелата од лозјето била дел од првата жена на Ристе, од мајката на Васил. Некогаш го делеле лозјето по избројани пенушки, ама пак дошло до неспогодба за една лозова пенушка во инаето и недоразбирањето само што се наведил Дамјан да е обери внук му Јован го извадил кросното од бурето во кое го трочкале набереното грозје од позади молчешкум мавнал Јован внуко на стрикото Дамјан, го онесвестил, го товариле за надолу да го носат, по пат Дамјан починал. Дамјаница останала вдовица со пет деца, а Јован добил осум години затвор за стореното дело. Ова е трето убиство кај дамјаноската лоза. Кај Јанковци, кај Котевци и сега кај Василовци. Поговорката вели, на секој сто години се убива по еден човек во родо Дамјаноски.

3. Јанкоски Ѓорчев Трајан прв брачед од тетка му Велика, сестра на Ѓорче Плускач Трајков Павле од с. Штавица, преселени од Марулот како се пуштил фронто во Првата Светска војна во 1918 година, си тргнале да си идат за дома кога дошле во сињорот од с. Црничани нагазиле на монтирана мина. Таа експлодирала и брачедите Трајан и Павле биле разнесени на мали делови, парчиња. Трајан е оставил младата невеста Сребра, земена пред три месеци, ќерка на Јованоски Митре Курела од Марул. Сребра невестата Трајанова се премажила за Дурашоски Митре во с. Добрушево.

4. Ристески Јованов Стојан Мурџески ранет на фронто, бугарски војник, го пуштиле на домашно лекување. Стојан дома починал од здобиените рани. Си е оставил фамилијата, жената Темјана и двете деца Видан и Блаже. Темјана е родена Јованоска Митрева Курелоска, покасно со нов прекар, Крушка, Крушковци. По кратко време по Стојан, починала и Темјана, децата Видан и Блаже останале сирачиња. Мурџески Стојан починал во 1917 година.

5. Ристески Митрев Боне загинал на фронто како српски војник на реката Дрина во 1915 година есента. Неговата жена Аргида родена Велкоска во с. Чумово, останала вдовица со малата тригодишна ќерка Ивана покасно Бонејца. Аргида се премажила за Маркоски Павле во с. Ерековци.

6. Убиството на првичарите од с. Галичани како повод е земено водењето на невестата девојката Ристеска Јованова Менка Мурџеска од кај момчето Павлески Стојанов Петко од с. марул. Ова тема е опишана поради е вмешан настано со родот Дамјаноски (Мурџески).

По завршувањето на војната во 1897 година помеѓу грчката и турско отоманскиот аскер со примирје познато како Јанинска војна.

Танески Трајко од с. Бонче се нашол комора за носење храна за турскиот аскер. Со премирјето од двете страни Трајко си дошол дома во с. Бонче, здрав и читав, со него е донесол неговата пушка берданка, велел дека била грчко производство, подолго време е чуваљл дома. Со насилничкото грабење на бонечката девојка Маркоска Неда од кладенецот Долник од страна на бегот Чочано во 1899 година роден на Бајро во Битола и силум е однесол во неговата Кула за да е потурчува.

Бончани за настанот со Неда Маркоски не задоволни се собрале и решиле Неда со план, како да е видат ако не можи милум, тогаш силум. Како храбар активен решен човек и добар стрелец го повикале Танески Трајко. Трајко во тоа време бил болен и им рекол да не е спреман, не можи чевлите да ги врзи од силен пролив. Сепак Трајко молбата од неговите соселани бончани и трагедијата со Неда Маркоска му дале храброст, е зел пушката, отишол кај групата на собраните бончани и заеднички тргнале према Кулата од позади поради на предната страна кај влезната врата и мала поставена стража.

Кулата висока се наредиле шест бончани Кула еден врз друг Трајко седми. Трајко им се пожалил качен горе да го потерал мевот, стомако за пролив. Луѓето под него викале, бодреле, дека се пери, а она што Бегот го направи, не се пери. Трајко кога дошол до пенџерето ја видел Неда плачи, бегот и нуди златници, таа му ги фрла. Трајко тогаш пушкаат е откочил, нанишанил низ прозоро, го погодил бегот прво в чело, паднал бегот мртов. Неговите соученици рекле, браво Трајко, гаѓаш како од топ и од тогаш го завикале Трајко Топчија, преносен прекарот на неговите поколенија Топчијовци. Кога стражарот го слушнал гласот од пушката, се исплашил и побегнал во Подмол и му јавил на уќуматот. Од Подмол јавиле до аскерот во Прилеп.

Бонечките учесници во убиството на бего Чочано се разотишле скоро дома. Се засолниле. Танески Трајко женет за жена со непознатозасега име, била од Степановци од с. Лопатица, прилепско. Трајко е остава жената си со синчето Петре, додека ќерката била мажена за Павлески Ангелев Стојан во Марул, дошол ноќта, се поздравил со ќерката, кажал во што се работи, заминал комита во четата на Толе Паша.

Наредниот ден во половината на денот од Прилеп дошол аскеро во Бонче со повеЌе заптии и башибозук, го сардисале, заобиколиле селото Бонче, пуштиле голем дел од башибозукот во полето каде што сретнале аргати во местото Старо Бонче, Чашица, Слива и на други места, без милос ги малтретирале и убиле 18 невини бонечки аргати. Сигурно како освета за бегот Чочано.

Турските власти не се помириле со отепаните бонечки невини луѓе, туку пуштиле потера за да се открие Танески Трајко, сега Топчија и да се ликвидира.

Бандите канатларски Илиовци, Пардиовци и Јашаровци од Ерековци мислеле да убиецот над бего Чочано Трајко се крие кај зето Стојан Павлески во Марул.      

Продолжува    

Loading