Пинг-понг
По 9 кола од есенскиот дел во Супер лигата на Македонија, екипата Младост 96 уште е најблиску до актуелниот шампион Крива Паланка. Разликата е само 2 бода, 18-16, бидејќи прилепскиот состав има два пораза од К. Паланка и од Шампион ФА Штип, покрај 7 победи. Претстојат 10. и 11. коло – со Радовиш, па со Вардар од Скопје, во кои се очекуваат нови две победи, бидејќи според тоа се ривали под нејзините квалитети. Само добро е Младост 96 да се комплетира, да нема отсутни, како што тоа беа Андреј Лашкоски, Ѓоко Јочкоски и штипјанецот Петар Костовски. Инаку, во екипата се Србинот Ѓорѓе Борчиќ, крушевчанецот Нико Доага и Антонио Стомнароски. Тие беа со екипата и при последниот пораз од Шампион ФА (2:4) и при последниот триумф врз Телеком нец 2 Скопје (4:2) .
Табела: К. Паланка 18, Младост 96 Прилеп 16, Астраион Струмица, Телеком нец 2 Скопје и Шампион ФА Штип 15, Пелагонија Битола и Вардар Скопје 13, Радовиш 11, Ѓ. Петров Скопје 10, К. Паланка 2007, 9.
![]()

