Изложба на слики и принтови насловена “Секвенци” од прилепскиот уметник Марјан Стојаноски е отворена во Штип.
Изложени се одбрани апстрактни дела од ликовниот опус на Стојаноски. Стилот е асоцијативна апстракција. Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска. Таа рече дека делата се визуелно атрактивни, со силна експресија, но со цртеж кој доминира.
– Изложбата е моќно, експресивна со многу асоцијации пренесени на сликарски јазик – рече Мицевска.
Стојаноски учествува во поединечни и групни проекти. Промовира современ визуелен јазик што е одраз на модерни струења и лична имагинација и сензибилност.
Дипломец е на ФЛУ во Скопје. Член на ДЛУМ. Бил претседател на локалното друштво за ликовни уметници од Прилеп.
![]()

