Даниел Мелвил Македонска рапсoдија 105

Клео знаеше дека зад легалната фирма на работодаватело се криеше една од главни преокупации, преработката и трговијата со дрога. Зависници стануваа илјадници млади луѓе, кои полека умираа во најстрашни маки. Парите од забранета трговија се переа преку легалната фирма од работодателот и преку некои банки спремни да создадат лесни големи профити. Ама, таа ништо не покажа дека знае што е работата наМајкел Б… Веројатно терените од деда í му беа потребни за да работи нешто илегално. Можеби да изгради тајни лаборатори за преработка на дроги, кокаин… Осамените мочуришта беа идеално место за дискретно илегално работење.

– Можете да го посетите нашиот имот кога што ќе сакате.

– Може таму да се спушти авион?

– Постои една природна писта на се спуштаа авиони на некои пријатели од деда ми и од покојниот ми татко.

– Одлично. Имам некои итни работи да завршам. Потоа ќе го посетиме вашето фантастично царство – извикна задоволен мистер Мајкел Б…

Клео, чие цело име беше Клеопатра, í даваше препораки на сестра í Тодорка или Тотка, чие крстено име беше Теодора:

– Уште еднаш да прегледаме дали сме скриле сé што потсетува на тате и на нашата фамилија. Како што се договоривме, се вработив кај Мајкела под лажно презиме со лажни работни потврди. Оти, ако знае дека сме деца на Сото Темелков, готови см. Неговите главосечачи ќе нé убијат веднаш. Насекаде во куќава треба да го пишува моето лажно име.

Тотка, убава и стројна како и Клео, се насмевна:

– Не ги жалам парите за приватните детективи и за други трошоци да истражиме кој и зошто го однесе тато на робија. Потоа платил убијци да го отепаат в затвор. Злосторникот ќе плати како што заслужува!

Кога брчењето на авионот се слушна, двете девојки, облечени спортски во џинс панталони, се појавија на пистата, означена за пилотот како што Клео се договорила со Мајкел Б… Од авионот излезе работодателот со свита телохранители, сите убијци или осуденици во минатото за други деликти. На брзина во куќата им послужија освежувачки пијалоци. Двете специјални возила со елиси за мочуришта се упатија низ терените. На барање од работодателот, му покажаа неколку мали островчиња, доста солидни за градба. Мистер Мајкел Б… изгледаше многу задоволен. Додека со својата свита разгледуваше едно од островчињата, двете сестри се оддалечија, се качија на возилата и со нив се оддалечија не водејќи сметка на повиците од Мајкела и чуварите. Дискретно влегоа во куќата, каде да земата некои потребни предмети, две добри пушки, по еден револвер, мунициј. Првин ги убија двајцата телохранители кои го чуваа авионот на пистата. Телата ги фрлија во мочуриштето. Алигаторите ги изедоабез да остане ништо. Облекатаа им ги изгореа. Оружјето од двајцата чуварии најде гроб во водите од мочуриштето.

– Ссега да се окупираме со мистер Мајкел – рече со иронија Клео.

– Мило ми е – одговори Тодорка.

Со двта чамци со весла, да не бидат слушнати од далеку, се упатија кон островчето со “затвореници”. Тие не останале неактивни во отсуството на двете ќерки од Темо. Еден загазил во водата да извиди како да се напушти островчето. Но, една опасаи отровна змија од тие терени го каснала за образот.Ч овекот, извлечен на брегот, веќе беше мртов. Малата армија од Мајкела, и тој, не знаеа дека тука вежбала војската за борба против Јапонците. Секој војник носел на рамото спремен шприц со противотров за каснување од змија да ја закачи спасоносната игла во телот, без која смртта брзо настапуваше. По страшната смрт од другар им, бандитите од Мајкела почнале да прават сплав. Без потребните алати, работата не им одеше. Од бујната тропска вегетација се чу одеднаш гласот од Клео:

– Мистер Мајкел!

– Да?

– Встинско презиме ми е Темелкова. Дали ве потсетува на нешто?

– Не.

– А дали името Ан, од мајка ми сте го заборавиле?

После кусо молчење, Мајкел Б… одговори:

– Ако сакате отштета, колку пари сакате да платам.

Клео гласно се насмеа:

– Ќе ни платите со куршум или со нож. Татко ни прво го ставивте в затвор за трговија со дрога иако тоа никогаш не правел. Потоа плативте затвореници да го убијат. Со какви пари би можеле да го платите животот на еден човек?

– Предадете ме на властите да ме судат. Немате право да извшувате правда. Има закони, судови…

Од друга страна се слушна смеењето на Тотка:

– Какви закони? Какви судови? Со вашите пари и адвокати секогаш ќе успеете да се извлечете со полесно, ама одовде нема бегање!

Телохранителите околу Мајкела на островчето, почнаа да стрелаат во правецот од каде идеа гласовите на девојките. Им одговорија со пушките и убија тројца. Познавајќи го добро теренот, Клео и Тотка цел ден вртеа низ бујниот растителен свет со лесните чамци и неочекуавано пукаа додека не ја ликвидираа целата група. И нив ги фрлија на алигаторите. Оружјето го расфрлаа во мочуриштето. Израснати во овие места, сестрите се чувствуваа како риба во вода. Кога ги уништија трагите, се вратија кај авионот. Со тракторот го одвлечкаа до мочуриштето. Го турнаа во подлабока вода, не оставајќи трага.

 (продолжува)

Loading