Слики од Мирослав Живковиќ

Изложба

Уметникот од Србија, Мирослав Живковиќ отвори изложба на слики во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Презентацијата е дел од меѓународната активност на Центарот.

Станува збор за циклусот како облик на интимен визуелен дневник на уметникот, воспоставувениот однос со природата.

– Има место на микрофрагменти извлечени, суштински и елаборирани на платното, со систем на визуелни кодови што растат до рабовите на сликата. Процесот на визуелно истражување предизвикува логични консеквентни промени во пластичниот слој на сликата. Предизвикана е потребата за воспоставување на однос на силна интерпретација меѓу цртачката невратура и хроматскиот слој. Нагласена е каприциозност и хир на цртежот, дискретно подкрепена од хроматската структура чија сила се манифестира во добро совладани текстури, во кои се избегнува високата паста во корист на порационалната, деликатната обработка, при што нема губење на нивниот интензитет – вели Срѓан Марковиќ, за творештвото на уметникот.

Живковиќ е нишлија, каде живее и работи како редовен професор на Факултетот за уметност. Бил учесник на колонијата Дрен. Имал 72 самостојни,  повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Добитник е на повеќе награди.

Loading