Во киното Мис Стон
“Утре наутро”, македонскиот долгометражен филм, по сценарио и во режија на Јани Бојаџи, прилепчани ќе можат да го гледаат утревечер од 19 ч. во киното Мис Стон. Влезниците има билетарницата денес од 10-13 и од 17-19 часот и утревечер еден час пред проекцијата на филмот.
Улогите ги толкуваат Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ…
Станува збор за моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството. Две жени, млад лекар и сопруга на поранешен премиер се обидуваат да побегнат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа.
Проектот е реализиран и како мини серија во 5-6 епизоди.
![]()

