ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (315) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Дамјаноски лоши настани

1. Некаде во минатиот век во 1870-та година, Јанкоски браќата Јоле и Ристе правеле куќна физичка делба. Во таа делба имало нешто недоразбирање. На огнот коледарски, меѓу браќата Јоле и Ристе дошло до тепачка во врска со делбата. Јоле отишол дома, го зел кросното од разбојот, се врати назад кај коледарскиот оган и во темницата со кросното го удри по глава братот Ристе и смртно го убил.

Ристејца, со име непознато и нејзиното родно место, останала осамена со пет деца: Ѓорче, Илија, Стојан, Велика и Ката. Вдовицата Ристејца за да си е олесни положбата зела вдовец, Чунтески Трајче од с. Бонче, со едно негово дете девојче од првиот му брак. Овие шест деца ги одгледале и сите ги удомиле. Ѓорче за Благуна Москоска од с. Подмол, Илија за Грозда Трипискулоска од Марул, Стојан млад се иселил во с. Галичани под прекарот Утоски. Името на Стојаница и родното нејзино место засега не се познати. Имале дете Ристе крстено на отепаниот му дедо Ристе. Внуко Ристе Утоски имал ќерка Љуба. Велика е мажена за Трајко Плускач во Марул преселени во Штавица, Ката мажена за Димо Пешкоски во с. Лопатица, прилепско. Донесеното девојче од Бонче со име непознато, насилнички земено од 12 насилници воружани со пушки и однесена кај Перасоновци за момче непознато во с. Добрушево.

2. Јатрвите Дамјаноски, жените на браќата Коте и Спасе Дамјаноски со нивни имиња непознато некаде во времето во минатиот век на 1870-тите за некое меѓусебно недоразбирање дома се спречиле меѓусебно, избила кавга.

За таа нивна меѓусебна кавга слушнал овластениот турски сејмен Маркоски Боше кој имал куќа на местото меѓу денешното меѓу новаческата и николоската ограда каде има остатоци, дел од ѕидот. Боше е нарамил полна пушката, го јавнал коњот и по средна река се јавил на ќошот на тогашната утоска ограда, сега е од Јованоски Димитрија.

Во тој момент Котејца се појавила во дворот со гласно викање за кавгата. Боше е сметнал од рамо, нанишани како да е плаши за мир. Котејца падна смртно погодена. Коте постанува вдовец без жена, малиот Тодор сирак без мајка, трагедија. Братот на Коте од таа незгода Спасе си е зел фамилијата, жената и децата Велјан, Тале. Цветко е напуштил сопствената куќа во Марул кај Дамјановци, се иселил во Прилеп на Старо Корзо во некоја шупа привремено, после се средувал. Неговата куќа во Марул останала без стопан.

Девојката Елена од охридска каза од с. Обедник се омажила за Јошески Цветко кај Каралиовци во с. Мало Коњари, прилепско. Цветко и Елена во бракот го имат првото дете во 1873 година машко, го крстиле Божин. Но, набргу момчето и татко Цветко се разболел и умрел. Цветкојца Елена е напуштила живеачката кај Каралиовци во Коњари, си го зела детето Божин и отишла аргатинка во чифлигот на бегот Фаил во с. Лагово.

Со времето вдовецот Дамјаноски Коте со посредници и со помош на бегот Фаил се сретнал со вдовицата Цветкојца Елена, направиле разговор со кој се договориле за да се земат.

Коте е доведува вдовицата Елена во Марул кај него со по едно дете од првите нивни бракови Тодор од Коте, Божин од Елена Цветковица. Направиле од деца сирачиња, две прибратчиња. Со тоа Коте е закрепил неговата куќа од испустување. Во 1876 година од нивниот брак му се роди машко дете, го крстиле Илија. Бракот го намножиле на три деца Тодор, Божин, Илија. Но, тука во куќата навлегла несреќата, се разболел домаќинот Коте и умрел.

Кај Котејца, куќата е при затворање, но таа храбра жена за да не е затвори куќата, за да не и страдат децата се одлучила, се премажила по трет пат, зела маж домазет по име, имењак на вториот нејзин маж Коте. Третиов нејзин маж бил Алтаманов Стојков Коте Чурлин од прилепско Лопатица.

Коте домазетов бил многу бистер човек, мајстор за сите работи, сé што ќе покушал и го направал. Бракот на Елена и Коте им тргнал за напред. Во бракот Елена и Коте имале едно дете, девојче го крстиле Цвета. Коте на очувот Стојан Дамјаноски му направил погреб. Четирите деца Тодор, Божин, Илија и Цвета, ги удомил. За Тодоровата жена не е познато ниту име, ниту родно место. Негово потомствоо е Коста од с. Чумово. Божин е женет за Колеска Јана од с. Марул. Илија е женет за Бозгеска Елена од с. Ерековци. Цвета е мажена за Мулоски Ѓорѓија од с. Мало Рувци. Кога се поделиле браќата Божин и Илија, Божин е презел куќата од Спасе стрикото. Очуво Коте се догледал кај Божин и починал во 1934 година во прилично долга старост.

Дамјаноски Николов Ристе, роден некаде во 1835 година бил крив во нозете, го викале Патрун.

Ристе на стари години како вдовец се преженил за вдовицата Доста Писокалска на која на Слива и го отепале канатларските патоубици.

Ристе и втората негова жена Доста на одминати години некаде во 1880-та година, му се родило дете машко, брат на Васил односно полубрато Васил по татко му Ристе, роденото дете во години помало од василовите деца како Мицо, Стојан, Јован, Трена и Султана.

Новороденото дете од Ристе го крстиле Дамјан, со името од дедото на Ристе. Порастил малиот Дамјан и го ожениле со Ристана Митреска од с. Лопатица, прилепско. Сите се удомени, внуците и стрикото. Во 1924 година заеднички изградија голема двоспратна куќа со чардак од напред према должината на куќата. Во истата година стрикото Дамјан физички се дели од внуците. Со фрлање на жрепка новата куќа му припаднала на тројцата браќа Мицо, Стојан и Јован, додека Дамјан барал братска делба со починатиот полубрат. Дамјан станал фамилијарно да живее во старата куќа со новороденото дете Петкана.

Продолжува    

Loading