Не знаат за пораз

Пинг-понг

Младост 96 е прв во есенскиот дел од Првата женска лига на Македонија. Пораз нема, Од 5 меча, 5 победи. Последната е над штипски Шампиони ФА со 4:3, на дербито. Настапуваат, Софија Хасану, Ива Димитриеска, засилувањето од Грција Стела Цариду, а во тимот уште е и Емилија Бошкоска.

Табела: Младост 96 10, Шампиони ФА 7, Берово 6, Хепи 5, Пелагонија 4, Младост 2.

Во Супер лигата за мажи Младост 96 е втор со еден пораз од лидерот Крива Паланка, 1:4. Прилепскиот тим има 6 победи, а викендов ќе ги одигра последните есенски мечеви, со штипски Шампион ФА и со скопски Телеком нец 2.

Loading