Местото на информативниот центар од времето било собиралиште, зборно место, непроектирано од архитектите. На локацијата, кај рекламите, се собирале сегашните баби и дедовци. И сега врие од млади, ама потомци. Местото е култно. Информативната табла служела за репертоарот на кино проекциите. Со времето, “рекламите”, се претворило во еталон за средби. И тогаш, и сега, најчесто се прашувао “каде да се најдеме”. Се одговара “кај рекламите”.
Младите уште ја негуваат локацијата за среќавање. Навечер полно е на договорени да се најдат кај рекламите. Во групите се слуша џагор и смеа додека се чека да се состави тајфата да заседне во некое кафуле.
Колку и да се модернизира времето, што и да се случи, пак, на крајот на краиштата, нема друго, посоодветно место од старите, добри реклами. За навек ќе се сведок за навиката, пренесувана од колено на колено, дека местото е најпогодно за средба, како што било за нивните родители…
![]()

