Сегедин
Сегедин е четврт град во Унгарија. Административен центар е на 19 окрузи. Познат е по Универзитетот, оти е реномиран, еден од двата најпознати. Иако го викаат град на сонцето, во ноември ретко се чувствуваат топлите зраци. Есента е врежлива , но на градот му дава псоебен шмект. Шармира со старата австроунгарска архитектура. Тој е индустриски и прехранбен центар. Препознатлив е по пиперките, гулашот и мајторски подговените стотици салами, пик.

Не е верување, ма сé што е изградено е после поплавата во 1879 година која била разорна и стихијата срамнила со однесла 95 отсто од објектите. Царот Франц Јозеф рекол дека Сегедин ќе биде изграден поубав отколку што бил.

Впечаток првин остава Градската куќа. Таа е импресивно здание, надворешно убаво уредено. Отворена била лично од Франц Јозеф, по ветувањето по поплавата. Низ плоштадот е прексрасно хортикултурно аранжиран е парк со бројни скулптури и спомен обележја. Боите на есента ги плакнат очите низ декорациите на цветови дрваја трева… Некогаш имало тврдина. Уште постојат остатоци. Се слушаат како одекнуваат градските ѕвона. Се слушнат секои 15 минути. Блиску е популарното сегединско корзо, односно пешачката зона. Убаво уредена, ја пресекува друга пешачка патека. Толку е атрактивна, што добила европска награда.

На Катедралскиот плоштад, е главната катедрала, градена во готика, посветена на Богородица. Се препзонаваат и римски и источно византиски стил на архитектурата. Плоштадот е грандиозен, широк, место каде се организираат бројни манифестации и фестивали.
Треба да се најде време за Водокулата Домотор од 13 век, музејот Ференк, Универзитетот на плоштадот Доганч со музичка фонтана, Националниот театар, Грофовскат палата, Реок палатата…. со сина вода на белата фасада и балкони со елементи на водени растенија. На крајот е сегединската синагога.
Блиску е трговскиот центар да вкуси некој од богатата палета на сегедински специјалитети. Нормално и добош торта.
Каролина Мицевска, фото и текст
![]()

