Велосипедизам: Константин Костоски
Прилепскиот велосипедизам е со богато традиција. Светла иднина најави 17 годишниот Константин Костоски со настапите за прилепските клубови Илинден и скороформираниот Херој, како и за македонската репрезентација. Тој го привлече вниманието дури до Унгарија оти ќе биде член и на Лотус од Печ, најдобриот јуниорски клуб во Источна Европа. Веќе е таму, но престојот ќе биде кус. Откако ќе ја добие опремата, се враќа во Прилеп, каде ем ќе тренира, ем ќе продолжи со учење во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.
Подготовките се за силните трки низ Европа, чија серија стартува во март.
![]()

