“Чиста куќа” гостува во земјава и во странство

Театар

Ансамблот на театарот со претставата “Чиста Куќа” од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство. Сношти ја видоа струмичани, велешани, а на 13 декември ансамблот патува за Никшиќ во Црна Гора.

Се раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Режисерот истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување… Чистењето е метафора, хигиена на емотивниот хаос.

Играат, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа,Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Loading