Болницата се засилува со 22 лекари

Медицинскиот тим на болницата е засилен со 21 лекар по општа медицина и еден лекар по стоматологија. Новопримените лекари се млади професионалци со свежа енергија и силна посветеност кон медицинската пракса. Тие ќе овозможат поквалитетна, побрза и подостапна здравствена грижа, како и дополнително растоварување на постојниот медицински кадар.

– Инвестираме во развојот на човечките ресурси, знаењето и професионализмот за континуирано подобрување на здравствените услуги и обезбедување високи стандарди во третманот на пациентите – велат од болницата.

Loading