Шах
На “Трофејот на Белград”, меѓународниот турнир со долга традиција и реноме, велемајсторот Звонко Станојоски го зазеде високото 3. место со 7,5 поени, а рангиран пред стартот на 7. Место меѓу 146 учесници од 13 држави. Без пораз, со 3 ремија и 6 победи. Највредна е против шампионот, прворангираниот, ВМ Михаил Брјакин од Србија.
Одличен беше и 16 годишниот Никола Павлески. На Европското сениорско за забрзан шах во Приштина, во дисциплината „блиц” меѓу 370 учесници е 189 со 6,5 поени, а во дисциплината „рапид” меѓу 374 учесници е 178. место со 5,5 поени.
![]()

