Изложба во КИЦ во Скопје
Во КИЦ во Скопје беше отворена самостојната изложба “Арт код” на сограѓанката Маја Ралева Миладиновски. Поставени се јутани, минимални маици, секоја со апликации на луѓе, баркодови и визуелни интерпретации на генетски код.
Станува збор за концептуално истражување на секојдневното кодирање што нé опкружува и нé дефинира како современи човечки суштества. Се анализира идејата за човекот како жив систем на податоци како биолошка и дигитална структура што постојано се кодира и декодира.
![]()

