6000 денари за секое новороденче    

За раст на наталитетот

Локалната самоуправа доделува еднократна парична помош од 6 000 денари за новороденчињата. Во 2025 година се евидентирани 374 семејства со новороденчиња. Градоначалникот Дејан Проданоски потпиша нови 130 решенија за парична помош на семејствата.

– Грижата за најмладите е врвен приоритет. За подобрување на демографската слика на Прилеп, мерката ќе се применува и в година – истакна Проданоски.

Лани 400 семејства барале помош за новороденче. Локалниот буџет издвоил 2,4 милиони денари.

Финансиската поддршка за младите родители има континуитет од 2022 година.

Loading