Годишнина на Здружението на инвалидски пензионери
Се одбележа Денот на инвалидите 3-ти Декември, како и 30 годишнината од формирањето на прилепското здружение на инвалидски пензионери. На празникот присутвуваа гости од асоцијацијата на инвалидски пензионери од Штип, Кавадарци, Ново Село, Струмица, Кисела Вода и, домаќините, од Прилеп.
Претседателот Кирил Ристески им подари благодарници на долгогодишните членови. Посмртно им се изрази писмена благодарност и на членовите кои повеќе години биле носители на функции.
Средбата продожи со веселба, расположение и музичко дружење.
![]()

