Хевиз
Хевиз е езеро во Унгарија во жупанијата Зала, западно од езерото Балатон. Се протега на 4,75 хектари. Тоа е второ термално езеро на светот. Текот на водата е толку силен што се верува дека целата количина на езерото се заменува за еден ден. Се смета дека водата има позитивни здравствени ефекти. Затоа околината е приспособена на здравствениот туризам.

Хевиз е прекрасен во секоја сезона, особено при сончев ден. И залезот е импресивен. Прошетката околу езерото во јајчеста фирма е пријатно освежување на очите. На север се полни со два потока. Од јучната страна се термалните извори со вода со висока температура за постигнување на терапевтски ефекти. Зиме температурата на водата е 24 до 26 степени. На еден дел е каналот протекува вишокот на вода во реката Зала. Езерото е како остров во раскошна шума која придонесува за одржување на микроклимата. Според испитувањата, најголемата длабочина 38,5 м.

Плени добрата уреденост на објектите градени за здравствен туризам. Но, и флората и фауната се единствени, особено влакнесто сино – зелената алга. Затоа сé во Хевиз е подредено на туризмот. Атрактивноста се должи на лековитата изворска вода и можноста за капење преку целата година.

За развојот на здравствениот туризам се изградени полно сместувачки објекти, хотели, но и угостителски, како ресторани. Продавниците користат медицинските води од езерото. Околината на комплексот е збогатена со архитектонско уредена хортикултура, паркови и урбана опрема за одмор. И дење и ноќе крвоток е шеталиштето Вилмош со полно пешачки зони. Привлекуваат и црквите Срцето на Исус, Арпадија и Светиот дух. За гостите е организирано уметничко кино, а за мераклиите на историјата и културата постои локалниот музеј. Добрата капка од околните лозја може да се вкуси со вина во неколкуте винарии. Љубопитните ноќе дегустираат унгарска гастрономија во рестораните со традиционален амбиент. Не само оригинален гулаш, се сервираат стари специјалитети. Декорираните десерти не се само за очи, туку и за сетилото за вкус. Денот завршува со кафето Старбакс и топло чоколадо. Цените се пристојни, приближно како кај нас.
Каролина Мицевска, фото и текст
![]()

