Фудбал: Последно есенско коло
В сабота во 13 часот е последното 15 коло од есенскиот дел на Втората лига на Македонија. Во Прилеп гостува Брегашница од Штип на стадионот без публика, оти Победа е казнета да игра 4 меча без гледачи, а овој е вториот од таа серија. Претходно Победа дома загуби во петокот од гевгелиски Кожуф (0:1), во вторникот одигра нерешено со Вардар во Неготино (0:0). Вториов резултат е позитивно изненадување, оти прилепскиот тим играше без искусните првотимци кои не ја примиле ветена плата повеќе месеци. Екипата ја претставуваа млади играчи меѓу 16 и 22 години. Брегалница е фаворит, но не е семоќна, Во вторникот дома со 0:1 загуби од кочанското Осогово.
Што се однсеува до Големо Коњари – прво одложи дома со Охрид, потоа со 4:0 загуби во Скопје, а в сабота дома игра со тетовски Тетекс..
Табела: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 30, Скопје 29, Беласица 28, Новаци 26, Осогово и Детонит 23, Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 11, Преспа 9, Слога В. 7, Г. Коњари 3.
![]()

